Багдад: Експерти за атомска енергија на ОН во Ирак

Експерти за атомска енергија на Обединетите Нации од денеска се во Багдад за да испитаат дали се изчезнати радио-активни материјали од Ирак за време на пост-воените кражби во земјата. Вчера шефот на инспекторскиот тим за оружје Ханс Бликс изрази разочарување од досегашната потрага по оружјето за масовно уништување во Ирак и побара на меѓународните инспектори да им биде дозволено да се вратат во таа земја.