Приштина: Разговори на Солана со косовското раководство

Високиот преставник на Европската Унија за надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана денеска во Приштина разговара со преставниците на косовските институции и со преставници на локалните срби. Солана претходно изјави дека ќе се обиде косовското раководство да го убеди на самитот на Унијата во Солун да започне дијалог со Белград.