Катар: Буш ја заврши турнејата

Американскиот претседател Џорџ Буш денеска во Катар изјави дека вистината за постоењето на ирачкото оружје за масовно уништување ќе биде откриена. Тој се сретне со командантот на американските сили во војната против Ирак генерал Томи Френкс и со цивилниот администратор Пол Бремер. Tој им се заблагодари на американските трупи за нивната улога во војната во Ирак. Со посетата на Катар завршува турнејата на американскиот претседател во чии рамки ги посети Полска, Русија, Франција и Египет.