Вашингтон: Северна Кореа поседува нуклеарно оружје

Северна Кореја поседува нуклеарно оружје, тврдат членовите на делегацијата американски конгресмени што неодамна го посетија Пјонгјанг. Нуклеарниот потенцијал на Северена Кореја бил разгледуван и на разговорите меѓу американскиот претседател Буш со шефот на руската држава Путин и кинескиот претседател Ху Џинтао. На разговорите како што изјави Буш е нагласено дека Северна Кореја мора веднаш да го стопира програмот за развивање нуклеарно оружје.