Скопје: Македонски старешини во мировна мисија во Кувајт

Мајор Зоран Секуловски и потполковник Љупчо Стојановски денеска заминуваат за Кувајт каде ќе ја извршуваат должноста офицери за координирање на задачите на македонскиот контигент распореден во Ирак. Секуловски и Стојановски први ја започнуваат мировната мисија на македонски старешини што ќе учествуваат во стабилизирањето на состојбите во постконфликтен Ирак.