Евијан: Самит на групата осум најразвиени земји

Перспективите на глобалната економија, заканата од тероризмот, потребата за намалување на нуклераното оружје доминираат на денешното продолжение на самитот на Ге – 8 во Евијан. Во рамките на самитот е најавена и официјална средба на францускиот претседателт Жак Ширак и американскиот Џорџ Буш, прва по заладувањето на односите поради војната во Ирак.