Багдад: Утре пристигнува новиот пратеник на ОН за Ирак

Новиот пратеник на Обединетите Нации за Ирак Серџо Виеира де Мело, како што е соопштено денеска во Женева, утре треба да пристигне во Багдад за да ја надгледува хуманитарната помош за таа земја. Неговиот мандат ќе биде четири месеци.