Краков: Посета на американскиот претседател Џорџ Буш

Американскиот претседател Џорџ Буш во денешниот говор во полскиот град Краков изјави дека Соединетите Држави се обидуваат да ги обноват врските со Европа по последните разијдувања околу ирачката војна. Тој потенцира дека транс-атлантската соработка е клучна во борбата против меѓународниот тероризам и ја изрази потребата Европа да придонесува во развојот на воената сила на НАТО. Буш денеска ги посети поранешните нацистички конц-логори Аушвиц и Биркенау и притоа упати апел светот никогаш де не ги заборави жртвите на Холокаустот. Тој попладнево треба да отпатува за Санкт Петерсбург во рамките на прославата на триста годишнината на градот.