Санкт Петерсбург: Самит меѓу Русија и ЕУ

Во Санкт Петерсбург денеска се одржа самит меѓу Русија и Европската Унија на кој двете страни ја потврдија готовноста во долгорочна перспектива да бидат укинати шенгенските визи за граѓаните на Русија. Претседателот на Европската Комисија Романо Проди оцени дека оваа идеја мора да се решава чекор по чекор, бидејќи, во спротивно, би можело да се појават многу проблеми.