Блиски Исток: Состанокот Шарон – Абаз многу позитивен

Состанокот меѓу израелскиот и палестинскиот премиер Ариел Шарон и Махмуд Абаз посветен на мировниот план бил многу позитивен, оценија двете страни. Според палестинскиот министер за информации Набил Амр, Израел ветил дека ќе бидат преземени мерки за да се олесни животот на палестинскиот народ. Шарон понудил понудил повлекување на израелските сили од Западниот Брег и Газа во замена за уништување на пелестинските милитанти. Во соопштението се вели и дека палестинските сили ке се грижат за безбедноста по израелското повлекување.