Париз: Интервју на претседателот Буш за француската телевизија

Американскиот претседател Џорџ Буш пред почетокот на европската турнеа за француската телевизија изјави дека Франција и Соединетите држави мора да ги надминат несогласувањата околу Ирак. Буш рече дека тој бил разочаран од спротивставувањето на францускиот претседател Жак Ширак но дека има многу прашања врз кои двете земји треба да соработуваат. Американскиот претседател на Русија и порача дека мора да ги почитува правилата на Светската Трговска Организација доколку сака да и се приклучи.