Блиски Исток: Денеска се очекува средба Шарон - Абас

Израелскиот премиер Ариел Шарон и неговиот палестински колега Махмуд Абас се очекува денеска да разговараат за спроведувањето на последниот блискоисточен мировен план. До средбата доаѓа и покрај најновите насилства кои се случија откако израелските трупи влегоа во неколку палестински населби на Западниот Брег и Појасот Газа. Премиерот Абас денеска најави дека во текот на идната недела е можен договор со Хамас за целосно прекинување на терористичките напади што оваа милитантната група ги изведува против Израелците. Инаку, како што претходно е соопштено во Вашингтон, премиерите Шарон и Абас ќе се состанат со претседателот Буш за време на неговата блискоисточна турнеја од втори до петти идниот месец.