Рим: Почна манифестацијата Македонија во чест на Св. Кирил

Во Рим почна традиционалната манифестација Македонија во чест на Св. Кирил. Денеска македонската делегација предводена од премиерот бранко Црвенковски ќе има аудиенција кај папата Јован Павле втори, како и средби со државниот секретар на Ватикан Содано и со италијанскиот премиер Берлускони. За вечер е предвиден концерт на хорот Рустико со настап на солистите Весна Гиновска-Илкова и Борис Трајанов. Утре Ќе се одржи молебен на гробот на Свети Кирил во базиликата "Сан Клементе".