Берлин: Социјалдемократите слават 140 години од постоењето

Германската владејачка Социјал-демократска партија денеска во Берлин ја прославува 140-годишнината од основањето. Во рамките на прославата, канцеларот Герхард Шредер ќе се состане со премиерите на Велика Британија, Шведска, Полска, Чешка, Романија и Србија.