Москва: Руската дума гласа за амнестија за чеченските бунтовници

Руската Дума денеска ќе гласа за предлогот за амнестија на чеченските бунтовници кои доброволно ќе го предадат оружјето и ќе ги запрат активностите до 1-ви август. Амнестијата не се однесува на оние кои сториле сериозни криминални дела, на странските борци и на чеченскиот сепаратистички претседател Аслан Маскадов.