Вашингтон: Конгресот ќе го разгледува предлогот на Пентагон

Американскиот Конгрес денеска треба да го разгледа предлогот на Пентагон за укинување на забраната за истражување и развој на нуклеарно оружје помало од пет килотони, која е на сила 10 години. Државниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд изјави дека Вашингтон е заинтересиран само за проучување на тактичките предности на ова оружје во смисла на бомбардирање на магацини и бункери со биолошки и хемиски агенси, а не и за развој и производство. Нуклеарното оружје би можело да ги уништи тие агенси, додека конвеционалното оружеје може само да ги распрсне, изјави шефот на американскиот генерал штаб Ричард Мајерс.