Брисел: Крис Патен ќе им претстави документ на ЕУ на амбасадорите на Западен Балкан

Евро – комесарот Крис Патен денеска во Брисел на амбасадорите на петте земји од Западен Балкан ќе им го престави документот на Европската Комисија за стратегијата за силно приближување на регионот кон Европската Унија. Овој документ, како што се наведува во Брисел, преставува нова рамка на соработка за оспособување на земјите од Балканот за членство во Унијата.