Хаг: Обвинителството има уште сто дена во случајот Милошевиќ

Судиите на Хашкиот трибунал денеска му одобрија на обвинителството уште сто дена да го презентира случајот против поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ. Според претседавачот на Трибуналот Ричард Меј, за тоа време ќе бидат сослушани уште сведоци. Обвинтелството, како што претходно беше предвидено, требаше да го комплетира обвинителниот акт до средината на овој месец.