Вашингтон: Според Буш војната против тероризмот сеуште не е добиена

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека најновите напади во Мароко и Саудиска Арабија покажаа дека светот е во опасност и оти се уште не е добиена војната против тероризмот. И покрај бранот палестински самоубиствени напади, претседателот Буш се заложи за продолжување на напорите за преговори за американскиот мировен план за Блискиот Исток. Визијата за две држави кои постојат една до друга е реална и ќе работам на неа се додека не оствариме, - рече Буш.