Белград: Прекината соработката со администрацијата на ОН на Косово

Белград ја прекинува соработката со администрацијата на ОН во Косово се додека нејзиниот раководител Михаел Штајнер не донесе одлука за предавање на Шефкет Муслиу на српските власти, соопшти српскиот заменик-премиер и раководител на Координативниотѕ центар за Косово Небојша Човиќ. По враќањето од Приштина каде разговараше со администраторот на УНМИК, Човиќ изјави дека Белград "не може да соработува со УНМИК, додека цивилната полиција на Косово не им го предаде Муслиу на српските власти". „Непредавањето на Муслиу е закана за мирот и за спроведувањето на Програмата за решавање на кризата во јужна Србија", нагласи Човиќ.