Париз: Продолжува работничкиот штрајк

Франција веќе два дена се соочува со нарушен јавен сообраќај како последица од работничкиот штрајк против планираните реформи во пензискиот систем. Освен возачите, штрајкуваат и вработените во другите јавни служби. Француската влада соопшти дека и покрај протестите е решена да ги спроведе реформите.