Подгорица: Фили Вујановиќ неофицијално нов претседател на Црна Гора

Филип Вујановиќ, според се уште неофицијалните резултати е трет претседател на Црна Гора по вчера одржаните избори. Тој според невладините организации добил околу 64 насто од гласовите на излезените бирачи, додека неговиот против кандидат подржан од опозицијата Миодраг Живковиќ добил 32 насто.