Њу Делхи: Посета на американскиот заменик државен секретар

Американскиот заменик-државен секретар Ричард Армитаж денеска во Њу Делхи разговара со индиските власти околу обновата на односите на таа земја со соседниот Пакистан. Армитаж по престојот во Исламабад изјави дека е претпазлив оптимист околу првите нивни чекори за намалување на тензиите. Индија го отфрли пакистанскиот предлог двете земји да ги уништат своите арсенали со нуклеарно оружје.