Пакистан: 23 загинати во сообраќајна несреќа

Дваесет и три лица загинаа, а 21 е повредено во сообраќајна несреќа во централен Пакистан. Полицијата соопшти дека автобус со патници минал на погрешна лента на патот и се судрил со камион – цистерна.