Пекинг: Повеќе од 18 илјади лица во карантин

Повеќе од 18 илјади лица се наоѓаат во карантин во Пекинг поради опасноста од ширењето на вирусот Сарс. Здравствените власти во Кина соопштија дека бројот на нови случаи на атипичната пневмонија дневно опаѓа од 70 – 80 колку што изнесуваше минатиот месец на 30 – 40 мината недела.