Балатон: Триесетина загинати во сообраќајна несреќа

Триесетина лица загинаа, а пеесетина се повредени на еден железнички премин кај унгарското езеро Балатон кога патнички воз удрил во автобус во кој имало германски туристи. Возот излетал од шините, но освен машиновозачот во него немало посериозно повредени. Според првичните резултати од истрагата до несреќата дошло бидејќи возачот на автобусот не го видел црвениот сигнал на преминот кај Шиофок популарно туристичко место на брегот на Балатон што се наоѓа на сто километри југозападно од Будимпешта.