Вашингтон: САД одобрија извоз на оружје за Србија и Црна Гора

Американскиот претседател Џорџ Буш го одобри обновувањето на извозот на воена опрема за Србија и Црна Гора, соопшти Белата Куќа. Во образложението се наведува дека давањето помош за одбрамбени цели на Србија и Црна Гора ќе ја зајакне американската безбедност и ќе придонесе за мирот во светот.