Скопје: Црвенковски ќе отпатува во тридневна посета на Брисел

Претседателот на македонската Влада Бранко Црвенковски денеска ќе отпатува во тридневна работна посета на Брисел. Предвидено да се сретне со претседателот на Европската комисија Романо Проди, со генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон, со амбасадорите на Северноатлантскиот совет и Комитетот за безбедносна политика на ЕУ, како и со еврокомесарот за надворешна политика Кристофер Патен.