Брисел: НАТО сеуште без став за улогата во поствоен Ирак

Генералниот секретар на НАТО Џорџ Робертсон изјави дека алијансата сеуште не зазела став за тоа дали ќе има некаква улога во поствоен Ирак. По средбата во Вашингтон со американскиот претседател Џорџ Буш и со државниот секретар колин Пауел, Робертсон истакна дека Ирак ќе биде на дневниот ред во разговорите во НАТО кога ситуацијата во таа земја ќе биде појасна.