Москва: Русија ќе ги повлече мировните сили од Балканот

Русија во наредните месеци ќе ги повлече своите мировни сили од Балканот, според договорот со НАТО, изјави рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов. Според него, Балканот веќе не е "кризно жариште". "Таму нема конфликти, не постои ниту потенцијал за евентуален оружен конфликт од пошироки размери" истакна Иванов додавајќи дека регионот „има сериозни проблеми со криминалот и шверцот со дрога“. Иванов нагласи дека мировните операции на Балканот "неизбежно се повеќе преминуваат кон политичка фаза".