Скопје: Делегација на ММФ во посета на Македонија

Денеска во земјава се очекува да допатува делегација на ММФ, предводена од директорот за Македонија Франек Розвадовски. Целта на посетата е проверка на спроведувањето на обврските на Македонија во рамките на потпиШаните аранжмани со оваа финансиска институција, како и разговори во врска со наименувањето вице гувернери на Народна банка на Македонија. Стенд бај аранжманот беше одобрен од бордот директори на ММФ на 30-ти април, во висина од 27,8 милиони долари. Според него, девизниот курс треба да биде стабилен, инфлацијата под 3 насто а растот на бруто домашниот производ треба да биде 3 проценти. Инаку вршителот на должност амбасадор на Република Македонија во Вашингтон Гоце Георгиевски, во има на македонската Влада го потпиша Договорот за кредит со Светската банка наменет за проектот за прилагодување на управувањето со јавниот сектор. Кредитот е во износ од 16,7 милиони американски долари, со поволни ИДА услови за отплаќање.