Берлин: Односите со САД може наскоро да се нормализираат

Германскиот министер за одбрана Петер Штрук изјави дека односите меѓу Берлин и Вашингтон би можело наскоро да бидат нормализирани. Штрук ова го реше пред денешната негови разговори во Вашингтон со државниот секретар за одбрана Доналд Рамсфелд и со советникот за национална безбедност Кондолиза Рајс. Штрук додаде дека војната во Ирак предизвика несогласување меѓу двете страни, но оти Соединетите Држави и Германија имаат добра соработка во многу други сфери.