Кина: Селани уништиле центри за карантин

Кинеските медиуми јавија дека селаните во две провинции во нередите во текот на викендот ги уништиле центрите за карантин поради страхување дека тие би би можело да го рашират смртоносниот вирус САРС во нивните региони. Атипичната пневмонија досега во Кина уби околу двесте луѓе. Заразени се над четири илјади.