Вашингтон: Буш верува дека САД ќе пронајдат докази за оружје за масовно уништување во Ирак

Американскиот претседател Џорџ Буш изјави дека американските сили ќе пронајдат докази за ирачкото оружје за масовно уништување. По вчерашните разговори со австралискиот премиер Џон Хауард, Буш оцени дека во Ирак има стотици локации каде што би можело да биде сокриено таквото оружје.