Приштина: Се намалува бројот на меѓународните воени сили

Меѓународните воени сили на Косово до крајот на годинава од сегашните 27 илјади треба да се сведат на 17 илјади, јавија приштинските медиуми, повикувајки се на извори на НАТО во Брисел. Одлуката треба да ја донесе советот на министрите на НАТО, откако командантот на КФОР Фабио Мини ќе поднесе извештај за безбедносната ситуација на Косово.