Казахстан: Тројцата космонаути од „Сојуз“ слетаа

Тројцата космонаути од вселенскиот брод Сојуз слетаа изутрината во Казахстан, но 400 километри подалеку од космодромот во Бајконур. Двајцата американски и еден руски космонаут се вратија од Меѓународната вселенска станица, каде што беа од декември минатата година, а беа заменети мината недела. Не е познато зошто вселенскиот брод Сојуз не успеа да слета на предвиденото место.