Вашингтон: САД го повикуваат Израел на воздржаност

Соединетите Држави ја повикаа израелската војска на воздржаност откако нејзините припадници во Газа убија дванаесет палестинци, меѓу кои и едно двегодишно дете. Стејт департментот, како што јавуваат агенциите, побарал од израелската влада да преземе одредени мерки на претпазливост со цел да се избегнат цивилните жртви.