Пекинг: Стравот од САРС го умртве градот

Во страв од вирусот САРС, Пекинг денеска наликува на мртов град, што е незапамтено за првомајскиот празник. По затворањето на кината, театрите и библиотеките, властите во Пекинг наредија да се затворат и спортските објекти. Здравствените власти во Кина соопштија дека уште 11 луѓе умреле од атипичната пневмонија.