Тирана: Утре потпишување на Јадранската повелба

Американскиот државен секретар Колин Пауел и министрите за надворешни работи на Македонија, Албанија и Хрватска, утре во Тирана ќе ја потпишат Јадранската повелба. Со тоа ќе се официјализира американската подршка за влез на овие земји во НАТО. Пауел вчера во Вашингтон изјави дека Соединетите Држави ќе го продолжат своето присуство во Македонија.