Вашингтон: Израелско – палестински договор можен, смета Рамсфелд

Американскиот секретар за одбрана Доналд рамсфелд изјави дека би можело да биде постигнат израелско-палестински мировен договор и оти претседателот Џорџ Буш е нестрплив до него да дојде што е можно поскоро. Промените што се случуваат во палестинското раководство е можност за тоа, рече Рамсфелд во интервју за Ал Џезира.