Техеран: Шефот на француската дипломатија смета дека Иран треба да дозволи инспекција

Шефот на Француската дипломатија Доминик де Вилпен, денеска во Техеран на прес конференција со иранскиот министер за надворешни работи Кемал Шаризи изјави дека Иран треба да дозволи инспекција на градовите кои се поврзуваат со нуклерана програма. Официјален Техеран ги отфрла американските сомневања дека неговата нуклерана програма е направена со цел да се произведува нуклеарно оружје, а Шаризи денеска ги отфрли и обвинувањата на Белата Куќа дека Иран се меша во внатрешните работи на Ирак. Меѓународната агенција за атомска енергија побара од Иран да потпише протокол за инспекција на своите нуклеарни капацитети.