Пекинг: Разговори меѓу САД, Северна Кореа и Кина

Денеска во Пекинг започнаа разговорите меѓу Соединетите Држави, Северна Кореа и Кина за севернокорејската нуклеарна програма. Планирано е овие разговори – први од спогодбата за примирје во 1953 година, да траат до петок. Шефот на американскиот тим Џејмс Кели, без да изнесува детали, изјави дека состанокот се одвивал според планираното.