Пекинг: 13 жртви на САРС од петокот до сега

Кина соопшти дека од петокот досега уште 13 луѓе умреле од вирусот САРС, а 194 биле инфицирани. И властите во Хонг Конг потврдија дека уште 6 лица умреле, а 94 биле инфицирани од така-наречената смртоносна пневмонија.