Њујорк: Русија ќе го поддржи симнувањето на санкциите против Ирак

Вториот човек на руската дипломатија во Обединетите Нации Генадиј Гатилов за итар тасс изјави дека Москва ќе го поддржи симнувањето на санкциите против Ирак само доколку инспекторите на Светската Организација потврдат дека земјата нема оружје за масовно уништување. Европската Унија исто така повика на враќање на инспекторите за оружје, меѓутоа Соединетите држави го отфрлија тоа соопштувајки дека ситуацијата е променета по поѓањето на режимот на Садам Хусеин. Вашингтон соопшти дека на теренот има сопствен тим кој врши истрага за ирачкото оружје за масовно уништување.