Пекинг: До сега 79 жртви на САРС

Кинеското министерство за здравство денеска соопшти дека од САРС во земјата починале седумдесет и девет лица и оти со овој смртоносен вирус се заразени над илјада и осумстоини луѓе. Се презицира дека во овие бројки се вклучени и новите извештаи за смртни случаи и заразени од нетипичната пневмонија во Пекинг. Светската здравствена организација ги критикуваше кинеските власти дека ги прикрила целосните податоци за болеста во Пекинг. Кина, Хонг Конг и Сингапур денеска објавија нови мерки во нивните напори да се спречи ширењето на епидемијата на САРС-от. Во светот досега од ова заболување умреле над сто и осумдесет лица, но се претпоставува дека нивниот број е многу поголем, особено во Азија.