Кашмир: Посета на индискиот премиер

Индискиот премиер Атал Ваџпаи ја започна дводневната посета на поделениот Кашмир во екстра засилени мерки за безбедност. Станува збор за прва посета на индиски премиер на Кашмир по 1987. Ова провинција поделена меѓу Индија и Пакистан е 13 години место на судири меѓу индиските владини сили и муслиманските милитанти во кои 60 илјади лица ги загубија животите.