Вашингтон: Поздравена одлуката на Северна Кореа за разговори

Американскиот државен секретар Колин Пауел ја поздрави одлуката на Северна Кореа да им се придружи на Соединетите Држави и на Кина во разговорите за решавање на проблемот со севернокорејската нуклеарна програма. Датумот на овие разговои зсе уште не е утврден. Пауел најави дека би можело да ја посети и Сирија и да побара исфрлување на поранешните ирачки владини претставници кои заминале во таа земја.