Квебек: Профедералната либерална партија победи на изборите

Кандидатите на профедералната Либерална партија на Квебек извојуваа убедлива победа на вчерашните парламентарни избори во оваа франкофонска канадска провинција. Со тоа заврши 9 годишното владеење на сепаратистичката квебечка партија на досегашниот премиер Бернар Лондри.