Багдад: САД ја консолидираат контролата во клучните градови во Ирак

Воените сили на Соединетите држави ја консолидираат контролата во клучните градови на Ирак. Американските сили придружувани од помал број невооружени припадници на ирачката полиција втор ден патролираат во Багдад. Во меѓувреме денеска неколку стотици ирачани по трет пат се собраа пред хотелот Палестина барајќи воведување ред и закон во главниот ирачки град.