Кина: Бројот на заразени од САРС и натаму расте

Светската здравствена организација соопшти денеска дека во Кина биле забележани уште четири смртни случаи и седумдесет и четири нови заболувања со атипичната пневмонија. Бројот на умрените од вирусот САРС во Кина сега изнесува 64, додека на заразените скоро илјада и четири стотини лица. Кинеската влада соопшти дека последиците од оваа болест ќе бидат длабоки особено врз социјалната стабилност во земјата.